Заследи ме – Јордан Коцевски #Рецензија

Posted by
Заследи ме Book Cover Заследи ме
Јордан Коцевски
трилер
ПНВ Публикации

Како да ти се допадне една книга?

1. Да биде напишана од твојот омилен писател.

2. Главниот лик да има исто име со твоето.

И, нема промашување.

„Заследи ме“ е нов роман од авторот Јордан Коцевски и она што прво ми падна в очи е тоа што главната хероина ми е имењачка, Марина. И, поучена од неговиот стил на пишување во „Тегли“, си реков, ова е мој тип на книга!Марина, не јас, е позната инфлуенсерка и блогерка, која води блог за здрава храна. Има неколку пријателки и колешки со кои често се собираат, се сликаат и споделуваат искуства. Нештата се менуваат кога една од блогерките, Ана, се самоубива. И, под знак прашалник е дали нејзината смрт е навистина самоубиство. А, на Марина почнуваат да ѝ се случуваат невообичаени работи. На почетокот, таа претпоставува дека се работи за чисти случајности, за да сфати дека некој, всушност, ја демне. И тенка е границата помеѓу реалноста и фантазијата, па Марина на моменти се прашува дали полудува или можеби таа е следната жртва.

Авторот овде начнал една многу интересна тема на денешницата, инфлуенсерството и сајбер-булингот. Многумина не прават разлика помеѓу тоа што го гледаат на сликите на Инстаграм и реалниот живот. Не сфаќаат дека ликовите кои ги гледаат на фотошопски обработени фотографии не изгледаат така во живо. Се обидуваат да го применат истото во реалниот живот, гледаат дека не оди, и се сметаат себеси за губитници. И самите инфлуенсери, некои, не сите, не го сфаќаат ефектот на тоа што го постираат. На социјалните мрежи, секој пост го има ефектот на пеперутката. обично замавнување со крилата доведува до ураган. Секоја слика, секоја реченица, има некаков ефект врз некого и побудува некаква реакција. И не за џабе се викаат социјални мрежи. Кога нешто ќе постирате, тоа веќе не е приватно, јавно е и секако дека ќе има некави реакции и некој ефект врз некого. Така да, внимавајте што постирате, и внимавајте колку сериозно ги сфаќате туѓите постови. Бидејќи, животот не е Инстаграм.

И да се навратам на книгава, одлична е, нема да згрешите. Плус, имаме одличен македонски автор, спремен за холивудски сценарија. Наше, а светско!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *