За последен пат – Гиљермо Мартинес #Рецензија

Posted by
За последен пат Book Cover За последен пат
Гиљермо Мартинес
фикција
Антолог

Што се случува кога ќе се сретнат двајца титани?

Експлозија, земјотрес?

Мертон е блескав и бележит литературен критичар, единствен од таков ранг. Тој ја кажува целата вистина, без оглед на сè, како да е судија задлабочен во секоја книга кој мора да ја искаже конечната пресуда на живот или смрт. Тој добива покана да го прочита последниот ракопис на познатиот писател А, кој е на умирање. А е уникатен писател и неговото последно дело треба да е врв во неговата писателска кариера, круна на неговото творештво и дело кое ќе остане да сведочи за идните генерации.

Што се случува кога ќе се спојат двајца врвни творци? Дали е на повидок осмо светско чудо? Бомба која ќе одекне во литературниот свет? Или можеби вниманието на младиот Мертон ќе го одвлечат сопругата и ќерката на А кои некако како да се борат за неговата наклоност.

Дали врвното творештво може да биде нарушено од овоземски страсти?

Ќе ја искористи ли Мертон шансата за кулминација на критичарската кариера?

Дали А може да си замине мирно од овој свет, знаејќи дека оставил нешто маестрално зад себе?

Роман кој не знаеш дали да го ставиш во трилери, дали во љубовни романи, дали во инспиративни дела за секој писател. Преполн со мистерија, магична страст, и дуели. Цело време дуели, натпревари, кој од кого е подобар. Како шаховско поле кое не мирува.

Дали ќе победи подобриот?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *