Досие: Љубов – Силвана Величковска #Рецензија

Posted by
Досие: Љубов Book Cover Досие: Љубов
Силвана Величковска
#romance, #thriller, #action
Издавачка куќа Збор

Маја е татина принцеза. Богата, разгалена, има сè што ќе посака. На татината галеница не ѝ е гајле од каде доаѓаат парите. Сè додека, волкот не дојде по своето. Татко ѝ на Маја е тежок мафијаш. Убиен е, и нејзе ја остава да ја чуваат телохранители во луксузен стан. Таа има нешто што сите го сакаат. И полицијата и мафијашите ќе направат сè да дојдат до досиејата на татко ѝ. А таа дури и не знае дека ги има.

Се случува она од што најмногу се плаши. Нападната е и нејзиниот телохранител е убиен. Ја киднапираат. Човекот кој ја киднапира ја носи далеку, во напуштена колиба покрај море. Не , не ја повредува. Се обидува да ја спаси. Барем така ѝ кажува. И во таа игра на мачка и глушец, се раѓа една искра што се вика љубов.

Каменот има само една задача. Да внимава на ќерката на големиот дон. Да стаса до досиејата што некогаш ги поседуваше татко ѝ. И при првиот напад, ја киднапира за да ја спаси, да остане жива. Но никогаш не ни помислил дека зад ликот на тоа разгалено девојче се крие жена која има чисто срце и добра душа и умее искрено да сака. И никогаш не помислил дека може да се скраси покрај една жена, засекогаш.

Ова е прва книга од мојата драга пријателка Силвана Величковска. И со мерак си ја читав. А ако ви се допаѓаат книги во стилот на Памела Клер и Сандра Браун, оваа книга е совршен избор за летниве горештини. Има и плажа, и море, и напуштена колиба, и љубовни искри кои летаат насекаде. Неопходен акцесоар во летната торба за на плажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *