Божиќна песна во проза – Чарлс Дикенс #Рецензија

Posted by
Божиќна песна во проза Book Cover Божиќна песна во проза
Чарлс Дикенс
Божиќна

Класика. Божиќна песна во проза или Приказна со духови за Божиќ.

Надалеку познатата приказна за богатиот и скржав трговец Ебенизер Скруџ и неговата средба со трите духа на Божиќ. Приказна преработена во многу варијанти, со многу филмувани верзии, основа на многу современи новели. Мене омилена ми е верзијата со ликовите од кукленото Мапет Шоу.

Главен лик во приказната е богатиот и скржав г-н Скруџ, кој во ноќта пред Божиќ, на Бадник, е посетен од својот неодамна починат партнер Марли. Марли се појавува окован со синџири и му кажува како живее на оној свет затоа што на овој бил лош и злобен. И го предупредува дека ќе биде посетен од три духа кои ако не го разубедат да се промени, ќе заврши како него, да ја поминува вечноста на оној свет, окован во пранги и синџири.

И се појавуваат, еден по еден. Духот на минатото, сегашноста и иднината. Секој на свој начин се обидува да му укаже какви последици носат неговите одлуки, да го потсети на убавите нешта во животот, да му ги покаже вистинските вредности на човечкото битие. Благодарение на нив, лошиот и ладнокрвен Скруџ успева да продре длабоко во своите заборавени спомени кога бил само дете кое копнеело по малку љубов. Дете кое на Божиќ било толку осамено, што решило никогаш да не го празнува Божиќ за да не се чувствува само. Длабоко во потиснатите спомени е и една жена која некогаш го сакала и ја сакал. Тука е и помошникот кон кој се однесува многу лошо, а тој сепак го спомнува во своите молитви.

Дали лошиот е навистина лош? Дали може да се промени?

Останува да ја прочитате Божиќната песна во проза, една малечка, но поучна приказна на Чарлс Дикенс, токму погодена за празнициве кои сеуште траат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *