Книга – Жозе Луиш Пејшото

Posted by
Книга Book Cover Книга
Жозе Луиш Пејшото
историска драма
Антолог

Малиот Илидио ја има само својата мајка. И знае кога е спремна да го пофали, и кога е спремна да го искара. Јасно му е дека нешто се подготвува, но не знае што. Мајка му го носи до селската чешма, му остава една книга и еден куфер, и му вели: „Чекај тука!“. И тој чека, ја чека неа да се врати, цел ден и цел ноќ, и таа не доаѓа. А тој, како послушно дете, чека ли чека. Доаѓа нејзиниот пријател, Жозуе, човекот кој низ годините ќе му стане нешто најблиску до татко. И тука, во селото, Илидио ја искусува и првата љубов, Аделаид. Судбината не е на нивна страна, војната ги разделува. Единственото нешто што ги поврзува низ годините е книгата која тој ѝ ја подарува како симбол на неговата љубов. Книга која ќе одигра огромна улога во нејзиниот живот.

А животот во малото португалско село не е ни малку едноличен. Тука е Жозуе, ѕидарот, госпоѓата Милу, старата Лубелија, другарите Галопињ и Кожме. И ништо не им бега од очите на соседите, сè се знае, сè се дознава на селската чешма. А животот тече понатаму. Како што тече водата на селската чешма, тече и Сена, тече и животот на бегалците во Париз. Течат животите на Илидио и Аделаид, а книгата крие обележени зборови кои ќе им ја запечатат судбината.

Ова е приказна за едно село и за еден град, за една војна, за едно дете и една љубов. Приказна за напуштањето, за потрагата по топлина, љубов и семејство. Приказна што само една книга, еден гулаб и сто ешкуди можат да ја раскажат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *