Болка во џебот – Аста Оливија Норденхоф #Рецензија

Posted by
Болка во џебот Book Cover Болка во џебот
Аста Оливија Норденхоф
фикција
Антолог

На 7-ми април 1990 година се случува бродска несреќа во Норвешка. На бродот „Скандинавска ѕвезда“ избива пожар во кој загинуваат 159 лица, од кои 28 деца. Бродот е во сопственост на фирма која доживеала неверојатно голем број пожари на своите бродови. Но во ниеден друг немало жртви. И овде, најверојатно намерата била да се оствари профит од осигурувањето, без да има човечки жртви. Но, нешто тргнало наопаку. Сопствениците на бродот и капетанот се осудени на шест месеци затвор. Еден од сопствениците оди во егзил во Шпанија и ја избегнува казната. Во Осло е подигнат споменик на жртвите.

Сто педесет и девет луѓе ги загубија своите животи за да некој оствари профит.

Полициската истрага води до лик, кој погинува во несреќата, а претходно има три обвинувања за подметнување пожари. Дански возач на автобус кој своите пари ги вложува во бродот, со намера да заработи. Лик кој од големите ѕверки е искористен како жртвено јагне.

Авторката се фокусира на ликот на Курт и неговата Меги, на случувањата пред несреќата. На детството на Курт, на младоста на Меги, на нивната апсурдна љубов. Не постои оправдување, но нема ни вина за загубените животи. Загубен е и животот на Курт, и тој на Меги. Таа со сите свои обиди не успева да го смени човекот што го сака, и лека полека, се губи себеси. Ова е приказна за двајца луѓе на кои животот им нанесува безброј удари.

Ова е и приказна за мрачното лице на капитализмот, за болката во џебот. За жедта за пари, за моќта, за работничката класа. Во Осло е подигнат споменик на жртвите од подметнатиот пожар на бродот. Никаде во скандинавија не е подигнат споменик на текстилните работници жртви на уривањето на фабрики во Бангладеш и Камбоџа. Иако фабриките беа скандинавски.

Книгата буди измешани чувства. Не знаеш дали да ги мразиш ликовите или да ги сожалуваш. Луѓе кои морале предвреме да пораснат и созреат, луѓе кои немале од кого да научат како треба.

Колку може да те упропасти општеството?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *