Само Бог простува – Анде Јанков #Рецензија

Posted by
Само Бог Простува Book Cover Само Бог Простува
#3 инспекторот Виктор Николов
Анде Јанков
#thriller, #policeprocedural
Антолог

Се ближи Нова Година. И додека жителите на градот Скопје се подготвуваат за најлудата ноќ, полицијата има полни раце работа. Во подрумот на ГТЦ е пронајден машки труп, со знаци на физичко насилство. Почетната истрага го води инспекторот Виктор Николов во лихварските води, истрага која подоцна се покажува како погрешна. Наскоро е пронајдено и телото на една жена во нејзиниот дом, и полицијата е фрапирана од можноста да имаат сериски убиец во градот, и тоа баш пред Нова Година. Она што ги поврзува двата случаја е суптилниот натпис близу мртвите тела: „Само Бог простува“. Она што изгледа како обичен графит меѓу чкртаниците на ѕидот во подрумот на Градскиот трговски центар, вториот пат е јасно напишано во собата на убиената жена. Со нејзината крв.

И медиумите нагрнуваат на случајот како хиени на мрша. Протекуваат информации од полициската истрага. На убиецот му го даваат прекарот „Одмаздникот“.

И покрај напорната истрага која го остава без сон, овојпат Виктор има шанса да си го среди хаосот во приватниот живот. Да ги обнови семејните врски и да не се враќа во празен стан. Но, убиецот има друга замисла.

И можам да кажам дека и ние во Македонија имаме крими автор. Ова е трета книга во серијалот за инспекторот Виктор Николов, и морам да признам дека секоја наредна е сè подобра и подобра. Секој нареден случај е сè позаплеткан. Некои информации од истрагата лично ги проверив за да се уверам во нивната автентичност (работам во тој сектор). Книгата не ја испуштив од раце до последната страница. Многу ми се допадна и се надевам и на четврти дел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *