Зборови – Јордан Коцевски #Рецензија

Posted by
Зборови Book Cover Зборови
Јордан Коцевски
Мистерија, паранормал
Антолог
Published May 1, 2023
Paperback
256
Bought

Кога зборовите ќе те остават без зборови....

Кога секоја наредна книга од омилениот автор сè повеќе те изненадува...

Е мене токму тоа ми се случува со книгите  на Јордан Коцевски. Млад македонски автор со одлични идеи, луди сцени и приказни од кои буквално ми паѓа вилицата.

И после толку време од промоцијата, конечно ја прочитав Зборови. Приказна за еден млад човек, Стефан,  кој ја губи љубовта на својот живот. Ја губи смислата на своето постоење. Запаѓа во депресија, се затвора во себе, насекаде ја гледа жената што ја изгубил, за сè се прашува што би рекла таа, како би го направила таа ова или она.

И одеднаш, во неговиот живот влегува еден доктор, неврохирург, кој има решение за него. Хируршка интервенција на мозокот, не баш многу легална и работите се менуваат. Because desperate needs need desperate measures. И Стефан влегува во еден нов свет каде зборовите добиваат едно поинакво значење.

Но што точно ќе се промени?

И дали е Стефан подготвен за промените кои следуваат, за новиот поразличен живот?

Дали работите се менуваат на подобро или на полошо?

Дали сме сигурни дека сакаме да оживееме некои нешта од минатото или е подобро тие да си останат закопани токму таму, во минатото?

И да не раскажувам понатаму. Овој роман ми е веќе во „топ десет“ за оваа година. Беше во трката за Роман на годината на 2023. И не ми е јасно зошто не влезе во потесен круг. Јас не знам дали повеќе ме воодушеви приказната, мистеријата, ликовите, паранормалните моменти или живописните описи на Охрид?  Затоа што овде има баш сè. Едно извонредно модерно дело од македонски автор кое заслужува да биде прочитано!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *