Историја на пчелите-Маја Лунде #Рецензија

Posted by
Историја на пчелите Book Cover Историја на пчелите
Маја Лунде
Футуристичка дистопија и историска фикција
Антолог
2005
Paperback
363
Bought

Пред околу петнаесет години го гледав цртаниот филм Bee Movie. И уште тогаш се запрашав што би било кога би ги немало пчелите, кога не би  произведувале мед, кога не би имало кој да ги опраши цвеќињата, и не само цвеќињата, туку сите цветови на овошките, зеленчуците, на сите растенија.

Дали воопшто би имале растенија?

И каков би бил светот без растенија?

И сега под рака ми дојде романот Историја на пчелите.

Тао е жена во Кина, во иднината, во време кога не постојат пчелите, изумрени се. Луѓето  живеат како робови од ден на ден, и секој ден рачно го извршуваат опрашувањето на секое едно растение.

Вилијам е биолог во деветнаесеттиот век во Англија, и во обидот да обезбеди егзистенција на своето многучлено семејство,  доаѓа до идеја за нов тип на кошници за пчелите.

Џорџ е пчелар кој живее во САД во дваесет и првиот век. Тој целото свое време го посветува на пчелите, ги носи на различни пасишта преку целата година, се грижи за нив како деца, се со цел да остави нешто, некаква иднина за својот син.

И овие три лика имаат многу повеќе заедничко од пчелите.

Борбата за опстанок, родителството, љубовта кон семејството, се универзална тема насекаде во светот, во било кое време, на било кое место. Сите исто нè допира, сите исто нè трогнува.

И пчелите исто така. Глобалното затоплување, пестицидите, загадениот воздух. Друга планета немаме. Сами сме одговорни за последиците, сами си го копаме сопствениот гроб. И само самите ние можеме нешто да смениме, дури не е предоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *