Чекорите до црешовото дрво – Паола Перети #Рецензија

Posted by
Чекорите до црешовото дрво Book Cover Чекорите до црешовото дрво
Паола Перети
Детска литература
Антолог
2023
Paperback
256
Bought

Денес е Втори април, Светски ден на литературата за деца. И го започнувам со една книга за деца која е не само за деца туку и за возрасни.

Малечката Мафалда има само девет години. И се соочува со нешто со кое не треба да се соочува ниту едно дете. Таа го губи видот. Боледува од неизлечива болест и нејзиното видно поле од ден на ден се повеќе се смалува. Но таа е храбра, се бори. Неостварена желба и е да игра фудбал, се обидува да ги изброи ѕвездите, да запамети колку чекори има до нејзиното омилено црешово дрво, да запамети како изгледаат неговите цветови кога веќе нема да може да гледа.

Нејзините родители се борат најдобро што умеат, но стравот и неизвесноста се присутни.

Книгичкава е уште потрогателна знаејќи дека е инспирирана од вистинскиот живот на авторката. Таа боледува од Стардартова болест и како дете го изгубила видот. Но тоа не ја спречило да студира, да пишува книги, да ги прави нештата што ги сака, само на поинаков начин.

Книгава е и прекрасна и тажна во исто време. Навистина е жално кога едно дете треба да се соочи со неизлечива болест. Но децата ги гледаат нештата со срцето и детската наивност, па нивните очила со кои гледаат кон иднината се поразлични од оние на нас возрасните. И нам ни фали таа наивност, но и храброст да се соочиме со лошите нешта кои доаѓаат во животот. Така да, книгичкава не е само болна животна приказна, туку и лекција за храброста, надежта и вербата дека црешата повторно ќе расцвета. Една прекрасна топла приказна за чекорите до црешовото дрво.

Иако е ставена во детската литература, топло ја препорачувам и за возрасните. Нема да згрешите. Ќе ви измами и солзи и насмевки. Знам, по себеси. А ми се допадна и корицата, преубава е.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *