Единствен матичен број – Лидија Димковска #Рецензија

Posted by
Единствен матичен број Book Cover Единствен матичен број
Лидија Димковска
Фикција
Издавачка куќа ТРИ
Први јануари, 2023
Paperback
312
Bought

Приказната започнува во далечната 1974 година кога Милка заедно со група југословенски девојки заминува на Кипар да работи како собарка во хотел. Таму го запознава Никос, кипарски Грк, и започнуваат љубовна врска. Се случува турската инвазија на Кипар, гратчето Вароша е нападнато. Со автобусот кој доаѓа да ги собере Југословените, заминува и Никос. Заедно со Милка доаѓа во Скопје, се венчаваат и зема југословенско државјанство. Им се раѓаат две деца, Стефан и Катерина.

Катерина расте во дисфункционално семејство. Со мајка која мрчи за се и сешто, никогаш незадоволна од ништо, и татко кој речиси и не зборува, ниту еден збор повеќе од потребното. Ги познава роднините од мајкина страна, но не и од таткова. Таткото никогаш не зборува за своите, Кате не знае ни како се викаат, ниту дали се живи по турската инвазија.

Бегајќи од ладниот дом каде не се чувствува како дома, Катерина се обидува да се открие себеси, да дознае која е всушност. Да открие каде припаѓа, меѓу Македонците или Кипраните, или некаде сосема далеку, со сосема други луѓе.

Но колку навистина можеме да избегаме од она што навистина сме?

И дали можеме да создадеме ново „јас“, нов идентитет, нова заедница или нова пустелија?

Оваа книга влезе во потесниот избор за Роман на годината за 2023 година. Ова е една приказна за идентитетот, за оној кој го имаме и оној кој го бараме. За пустелијата околу нас, но и за пустелијата во нас. Со ликови кои на моменти ги сожалував, ги исплакав, а на моменти ми идеше да ги треснам од земја.

Топла препорака за читање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *